
Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Граѓаните повеќе од 30 дена постојано прашуваат:
Дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не?
Одговор?
Тишина. Молчење. Премолчување.
Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ.
Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски.
Зошто?
Затоа што Груевски не е обичен бегалец. Тој е жив споменик на криминалот на ВМРО.
Ако Груевски падне, паѓа и целата мрежа. Ако Груевски падне, паѓа и Мицкоски.
Повеќе од месец дена тие ја газат правдата, ја газат државата и ја газат елементарната пристојност.
Доста е со игрите. Доста е со будалењето.
Испратете ги документите за екстрадиција на Груевски веднаш!
Или признајте јавно дека Владата на Мицкоски е официјален штит за најпознатиот македонски криминалец.
Нема повеќе молчење.
Нема повеќе заштита на криминалци.
Правда сега!


