Skip to main content
Македонија

Судскиот совет спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје

12/05/2026  19:46

Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка.

Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти дека сумираните оценките ќе ги достават пред Судскиот совет, по што ќе следи јавно гласање за избор.

Огласот за претседател на Кривичен беше објавен пред 10 месеци.