Skip to main content
Хроника

Пешак прегазен во Скопје

12/05/2026  14:21

На 11.05.2026 околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски” и ул. „Живко Фирфов” во Скопје, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.