Skip to main content
Свет

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

11/05/2026  20:56

Најмалку 2.869 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во истиот период повредени се 8.730 луѓе, пренесе Ал Џезира.

Хезболах и Израел се напаѓаат едни со други и покрај прекинот на огнот што беше постигнат како дел од израелско-американското примирје со Иран.