
Барселона вечерва го победи Реал Мадрид со 2:0 на свој терен во 35. коло од шпанското фудбалско првенство.
Маркус Рашфорд го отвори резултатот во 9. минута. Феран Торес го дуплираше водството во 18. минута.
Барселона има 91 бод и ја обезбеди титулата во Ла Лига три кола до крајот на сезоната 2025/26. Реал Мадрид е втор со 77 бода.

„Каталонците“ ја освои својата втора последователна и 29. титула во шпанското првенство. Реал Мадрид го држи рекордот со 36 титули.

