Skip to main content
Свет

Иран им се заканува на Велика Британија и Франција

10/05/2026  18:17

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран се закани по можно распоредување на британски и француски воени бродови во Ормутскиот теснец.

„Секое распоредување и стационирање на разурнувачи околу Ормутскиот теснец, под изговор „заштита на поморскиот сообраќај“, не е ништо друго освен ескалација на кризата“, објави тој на социјалните мрежи.

Тој додаде дека „присуството на француски и британски воени бродови во Ормутскиот теснец, кои би можеле да учествуваат во нелегални и меѓународно незаконски американски акции, ќе наиде на итен и решителен одговор“.

Британски разорувач пристигна на Блискиот Исток

Британското Министерство за одбрана вчера објави дека го испраќа разорувачот „ХМС Драгон“ на Блискиот Исток како подготовка за евентуална мултинационална мисија за заштита на бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, кога условите ќе бидат соодветни.

Велика Британија и Франција во последните денови беа вклучени во плановите за враќање на безбедното минување на трговските бродови низ клучниот воден пат. Планот ќе бара координација со Иран, а десетина земји досега изразија подготвеност да учествуваат.