
Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари.
„Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија”, рече Филипче.
Тој додаде дека граѓаните препознаваат од каде доаѓа вистинската опасност за државата и иднината, додавајќи дека заканата не е во внесување на малцинствата во Уставот, туку во криминалот и корупцијата.
„Граѓаните знаат, вистинската закана за идентитетот, за државата и за иднината не доаѓа од малцинствата, туку доаѓа од криминалот и корупцијата на организираната криминална група на ВМРО. Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација.”


