Skip to main content
Хроника

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

07/05/2026  15:53

На 06.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ” со ул.„Народни Херои” во Скопје, патничко возило „опел зафира” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.