Skip to main content
Македонија

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители

07/05/2026  14:25

Со 64 гласови ,, За”,15 ,, против” и ниту еден ,, воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда.

Со предложеното законско  решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.

Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Се воведуваат јасни и транспарентни критериумиСе гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, по пример на критериумите предвидени во новиот Закон за Судскиот совет. На тој начин, се гарантира избор на најквалитетните кандидати.

Се воведува обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите.

Се воведува доследна примена на системот на заслуги – односно мерит-системот, при избор, унапредување и разрешување на јавните обвинители.

Се зајакнува транспарентноста на Советот преку:

  • обврска за објавување на одлуки и извештаи,
  • јавно одржување на седници,
  • директни преноси и информирање на јавноста.

Воведуваме јасна двостепеност во дисциплинските постапки. Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки е дозволена судска заштита. Со ова се обезбедува целосна заштита на правата на јавните обвинители, што е директен одговор на препораките на Европската комисија.

Детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот,  со прецизирани рокови и критериуми.

Се зајакнува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија. Советот на јавните обвинители може да поднесе иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието.

Законот е дел од поширокиот реформски процес и е усогласен со европските стандарди и препораки, што претставува значаен чекор напред во процесот на европска интеграција.