Skip to main content
Хроника

70годишен тетовец украл паричник па од туѓа картичка извадил 41.000 денари

07/05/2026  13:56

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „кражба” и „навлегување во компјутерски систем”.

На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од  банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската картичка и во два наврата подигнал 41.600 денари, со што нанел вкупна штета од 56.600 денари.