Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Како Влада бараме генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво

05/05/2026  13:21

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) изјави дека се водат преговори на билатерално ниво и се надева оти ќе бидат надминати овие пречки, и како Влада бараат генерално решение.

Вчера и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кажа дека земјите од регионот, заедно со ЕУ и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразен во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето. Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамките на разни шеми на Европската Унија, кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.