Skip to main content
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател, Никушор Дан

05/05/2026  09:25

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.

Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња”.

Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.

На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката.

Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации.

Таа упати покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава.