Skip to main content
Хроника

(Фото) Судир на повеќе возила пред „Џевахир Мол“ во Аеродром

04/05/2026  23:10

Сообраќајна несреќа во која учествувале неколку возила се случила вечерва пред Џевахир Мол, во скопската населба Аеродром.

Според првичните информации, во несреќата се судриле најмалку три возила, при што на едно од нив е забележлива поголема материјална штета на предниот дел. На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, која во моментов врши увид и ги утврдува околностите под кои дошло до судирот.

Засега нема официјални информации за повредени лица, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Очекувањата се дека по завршување на увидот ќе бидат познати повеќе детали за причините за несреќата.