
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс.
На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес.
Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, владеењето на правото и справувањето со современите безбедносни предизвици, со посебен осврт на резултатите од неодамнешната работна посета на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог што се одржа во Вашингтон.
Беше констатирано дека билатералната соработка меѓу двете земји се одвива на високо ниво, при што партнерството со Соединетите Американски Држави претставува значаен придонес за унапредување на безбедносните капацитети и стабилноста во регионот.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи во насока на јакнење на институционалните капацитети и регионалната безбедност


