Skip to main content
Македонија

МЕТЕОПАТИ ВНИМАВАЈТЕ: Сега одиме директно од зима во лето и 30°C

04/05/2026  09:40

Метео анализа на Славчо Попоски:

Веќе особено од вторник 5 Мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 25 степени. Веќе за време на следниот викенд (9 и 10 Мај 2026) во Македонија очекувам температурите веќе да бидат летни и да се искачат до 30 степени.

Значително ќе пораснат  и минималните утрински температури од вторник 5 Мај 2026 и нема да има повеќе појава на утрински мразеви и на слана што значи дека  и во утринските часови ќе ни биде значително потопло.

Да напоменам дека поради наглото и големо затоплување на времето и тоа од зимски на летни температури на воздухот, ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите каде поради наглите  и големи температурни разлики можни се поголеми здравствени проблеми.