Skip to main content
Балкан

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10

03/05/2026  15:27

Повеќе од две недели по пукањето во турско училиште, бројот на жртвите се искачи на 10 лица, пренесе ДПА.

Ученик во осмо одделение на 15 април застрела осум ученици и еден наставник во своето училиште во југоисточната провинција Кахраманмараш. Според официјалните извештаи, 14-годишниот напаѓач е исто така мртов. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информации на властите, малолетникот донел во училиштето неколку парчиња огнено оружје и седум шаржери во ранец. Ученикот влегол во две училници и отворил оган без одредена цел. Оружјето наводно му припаѓало на неговиот татко, поранешен полицаец, кој, исто како и мајката на сторителот, беше уапсен.