
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, е во дводневна работна посета на Брисел.
Таму тој ќе оствари бројни средби со преставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и европарламентарци.
Како што информираат од ДУИ, на средбите ќе бидат отворени темите за европската перспективи на земјата, но и за последните случувања поврзани со нарушените меѓуетничките односи и загрозувањето на основните принципи на Охридскиот рамковен договор.

