
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од радикална групација со воспоставена логистичка мрежа. Според истрагата, оваа група идеолошки е поврзана со глобалната терористичка мрежа на Исламска држава (ИДИЛ).
Оперативните податоци укажуваат дека членовите на групата почнале да преземаат насилни и криминални активности на почетокот на април, веднаш по јавниот повик упатен од страна на Исламска држава.
Според неофицијални информации од добро упатени извори, станува збор за лица кои живеат во скопската населба Скопје Север. АНБ, во рамките на своите надлежности, спроведе низа оперативно-технички и аналитички активности за да ги идентификува мотивите и директните извршители на нападот врз објектот на Еврејската заедница.
Полициска акција и апсења Во координирана акција спроведена на 30 април, во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК) и Министерството за внатрешни работи (МВР), беа извршени претреси на повеќе објекти во Скопје.
Од Агенцијата за национална безбедност нагласуваат дека остануваат посветени на превентивното делување. Нивниот фокус е насочен кон навремено откривање и спречување на сите ризици и закани по безбедноста на државата преку блиска соработка со останатиот безбедносен сектор во Македонија.

