
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на Македонија на 1 и на 2 Мај 2026 (петок и сабота) ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец а температурите ќе бидат значително пониски од просечните и ќе бидат пониски дури за 10 до 15 степени. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и значително свежо со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен дожд.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 6 степени па така особено на повисоките населени места и на планините ќе има појава на утрински мразеви. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 1 и 5 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

