Skip to main content
Магазин

Мајска цветна месечина ќе го осветли ноќното небо неделава

30/04/2026  22:05

Луѓето на Земјата оваа седмица ќе може да уживаат во т.н. „цветна месечина“, или „микромесечина“, што значи дека нашиот природен сателит ќе изгледа малку помал од вообичаеното, бидејќи ќе биде на најоддалечената точка од Земјата во својата орбита.

Симболиката овојпат е присутна: На почетокот на мај, обично, природата е обоена – сѐ се буди, глогот цвета, а подолгите денови се претвораат во благи, топли вечери.

Спротивно на тоа, супермесечина се случува кога полната месечина е близу до нејзиното минимално растојание од Земјата, познато како перигеј. Разликата меѓу овие две крајности – околу 363.000 километри во перигеј и околу 250.000 406.000 км во апогеј, звучи огромна, но едвај се забележува со голо око, освен на фотографии.

Вкупниот впечаток е дека микромесечината изгледа малку помала на небото и може да биде малку помалку светла од вообичаеното.

Ако ја пропуштите цветната месечина деновиве, кон крајот на мај ќе има и полна месечина. Позната како „сина месечина“, ретката втора полна месечина во ист месец се случува еднаш на секои две до три години.