Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

30/04/2026  19:28

На 29.04.2026 во 15:30 часот во с.Визбегово, скопско полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода А.Џ.А.(26) од Турција, баран со потерница распишана од страна на Турција. Тој е предаден на ОЈО Скопје, а потоа спроведен до Основен кривичен суд – Скопје.

На лицето му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и истиот е спроведен во КПУ затвор Скопје.