Skip to main content
Хроника

Пензионер измамен за 4000 денари на плоштадот во Скопје

30/04/2026  13:43

На 29.04.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје 73-годишен скопјанец пријави дека околу 10:15 часот на Плоштад Македонија во Скопје, бил измамен од две машки лица, при што бил оштетен за сума од 4.000 денари.

Според пријавеното, двете лица му пришле, а едниот од нив му рекол да му даде пари затоа што наводно неговата сопруга се лекувала во болница и итно им биле потребни пари, а како залог му оставил предмет за кој му рекол дека е дијамант. Но, подоцна сфатил дека бил измамен.

Се работи на расчистување на случајот.