Skip to main content
Свет

Трамп: Иран нè информираше дека се наоѓа во состојба на колапс

28/04/2026  19:50

Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во „состојба на колапс“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут Соушл.

„Тие сакаат што поскоро да ја ’отвориме Ормуската Теснина‘, додека се обидуваат да ја сфатат ситуацијата со нивните власти (што верувам дека ќе можат да го сторат!)“, додаде Трамп.

Светските агенции коментираат дека засега не е јасно како Иран ја пренел пораката до САД.