
Вечерва во „Ноќно студио“ на 4TV дебатираме за една од најкритичните теми во македонското стопанство – безбедноста и здравјето при работа.
Поводот за темата е Светскиот ден на безбедност и здравје при работа
Гости во студиото:
Борче Стојчевски – Здружение на инженери за заштита „Тутела“;
Иван Пешевски – Претседател на Синдикатот за градежништво (СГИП);
Милан Петковски – Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР).
Гледајте нè во живо од 20:00 часот. Анализираме: Има ли доволно контроли на градилиштата и кој ја сноси одговорноста за несреќите на работното место?

