Skip to main content
Скопје

Град Скопје ја реконструира пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров”

28/04/2026  14:33

Градските власти започнаа сеопфатна реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со фокус на унапредување на безбедноста и квалитетот на јавниот простор. Во тек е уредување на пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров”, во должина од 4 километри – значајна делница што секојдневно ја користат голем број граѓани.

Проектот опфаќа целосна обнова на постојната инфраструктура, како и паралелно создавање зелени коридори со нови дрвја и уредени зелени површини, со цел подобрување на животната средина и условите за движење.

Со оваа акција, Скопје продолжува да се развива како модерен и функционален град, насочен кон потребите на граѓаните, со приоритет на безбедноста, пешачењето и одржливиот урбан развој, велат од Град Скопје.