Skip to main content
Економија

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

28/04/2026  09:18

Соопштение за јавност на СДСМ:

Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка состојба на Буџетот. 

Дефицитот на Буџетот веќе достигна 408 милиони евра. За само три месеци се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година.

Директен демант на бајките на Мицкоски дека сме „трета еконмија” во Европа.

Дополнително алармантно е што кај приходната страна реализацијата е едвај околу 20%. 

Овие бројки се јасен показател за неспособноста на економските политики на Владата и економскиот дилетантизам на Христијан Мицкоски.

Наместо раст и развој со Мицкоски има зголемување на буџетската дупка. 

Власта не само што не успева да обезбеди повеќе приходи, туку и одбива да ги поддржи граѓаните во време на криза, нема покачување на платите и пензиите, не прифаќа покачување на минимална плата од 600 евра и нема никакви мерки за заштита на животниот стандард.

Овој недостаток од 408 милиони евра за само три месеци ќе мора да се покрие со ново задолжување. Тоа значи нов товар врз грбот на граѓаните, кои ќе ја плаќаат цената на неспособноста на власта.

Економијата тоне. Странските инвестиции се намалени за 60%, компаниите затвораат и отпуштаат работници, само во изминатата година и пол се отпуштени 1.500 работници, државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.

Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води државата. 

Неговите дилетантски политики директно го удираат џебот на граѓаните и ја водат државата кон финансиска нестабилност и неизвесност.