Skip to main content
Спорт

Македонските селекции финалните дуели на Светското училишно првенство ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“

27/04/2026  21:05

Двата финални натпревара на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје македонските селекции (момчиња и девојчиња) ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“

Први на терен ќе се појават кадетките, кои во финалето ќе играат против Хрватска, а почетокот на овој дуел е во 14 часот. Кадетите два часа подоцна во финалето ќе играат против Израел.

Во денешните полуфинални дуели кадетите ја победија Србија со 30:19, додека кадетките постигнаа победа над Турција со 30:22.

Влезот на натпреварите е слободен, а со поддршка од трибините македонските селекции можат да стигнат златните медали.