Skip to main content
Хроника

Ја гореле со цигари и ја снимале со телефон, девојче тепано и понижувано од нејзини врснички во Ѓорче Петров

27/04/2026  12:46

Ученичка од шесто одделение во осноно училиште во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од неколку други девојчиња.

Настанот се случил кон крајот на март оваа година во паркот во Ѓорче Петров во старото вовче кое на 50 метри од полициската станица.

Според пишувањата на Вечер, групата ја тепала, ја горела со цигари и ја присилувала на деградирачки постапки, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон.

Снимките потоа биле разменувани низ училиштетот, а детето завршило на психијатриска помош, како што пренесува Вечер.

Случајот бил пријавен во МВР кое заедно со Јавното обвинителство преземаат мерки за расчистување на инцидентот.

„Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопштија од МВР,