Skip to main content
Хроника

Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо Јаневски

26/04/2026  20:10


Почина поранешниот ракометен судија и делегат-контролор Љупчо Јаневски, по кратко боледување.

Тој зад себе остави значаен белег, препознатлив по својата посветеност и професионален однос во спортот.

Ракометната федерација на Македонија изразува искрено сочувство до семејството и блиските. Нека почива во мир.