Skip to main content
Свет

Убиен министерот за одбрана на Мали

26/04/2026  18:15

Убиен е министерот за одбрана на Мали, Садио Камара, во напад извршен од групата Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (JNIM), поврзана со Ал Каеда, врз неговата резиденција во воената база Кати во близина на главниот град Бамако, објави француското радио РФИ.

Нападот се случил вчера.

Вооружени групи во Мали, кои претходно се судрија едни со други, започнаа координирани напади врз владините сили и главниот град Бамако во средаta, со цел да ја соборат владата на Мали, објави Ал Џезира, повикувајќи се на воени извори.

Две силни експлозии и пукање се слушнале кратко пред 6 часот наутро по локално време во близина на главната воена база Кати, во близина на Бамако, додека војниците биле распоредени за да ги блокираат патиштата, изјавиле очевидци.

Немири беа пријавени и во централниот град Севара, како и во градовите Кидал и Гао. JNIM, која е дел од Ал Каеда во регионот Сахел, се смета за најактивна вооружена група во областа