
Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, астрологот Наташа Јанковска предупреди дека следните денови ќе бидат исполнети со силна напнатост, конфликти и непредвидливи реакции кај луѓето.
Според неа, актуелната конјункција меѓу Марс и Меркур носи избрзани зборови, нервоза и недостаток на трпение во секојдневната комуникација. Луѓето лесно ќе влегуваат во расправии, ќе реагираат импулсивно и тешко ќе ги контролираат емоциите.
Јанковска посебно предупреди и на сообраќајот, каде оваа тензична енергија може да донесе невнимание, агресија и нервозни ситуации зад воланот. Таа апелираше граѓаните да бидат смирени, внимателни и фокусирани.
Наместо бесот да се истура врз другите, советува енергијата да се насочи кон прошетки, спорт, движење и активности што носат внатрешен мир.
Повеќе на линкот

