
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Судот на скопјанецот му одредил мерка притвор.
Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13-годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал.
-По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило „мерцедес”. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор – посочуваат од МВР.
