Skip to main content
Хроника

Скопјанка од капар за кирија за непостоечки станови заработила над 45. 000 денари

24/04/2026  18:13


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама”.

Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека  располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.