Skip to main content
Хроника

Тешко повреден велосипедист на крстосница на „Партизанска“

23/04/2026  14:24

На 23.04.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди” и бул.„8 Септември” во Скопје патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.