
Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во делови од општина Центар.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија од 07:00 до 09:00 часот ќе останат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче и дел од ул. Ленинова.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека најавениот прекин во водоснабдувањето, односно отстранувањето на дефект во водоводна мрежа на ул. Црвена Вода, поради технички причини се одложува за 22.04.2026 г. (среда), поради тоа од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Прекинато водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 80мм на улица 20-ти Октомври бб, од 10:30 часот до завршување на работните активности ќе имаат дел од корисниците на истата улица.


