Skip to main content
Македонија

Пронајдена марихуана во контејнер на фабрика за масло од канабис во Вевчани

20/04/2026  15:30

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани.

При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.