
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти.
Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денар по литар, додека единствено екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари.
Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.
Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти, како и намалените акцизи за горивата.
Од Комисијата нагласуваат дека станува збор за максимални цени, при што трговците можат да формираат и пониски цени на пазарот.


