Skip to main content
Балкан

Силно невреме ја погоди Словенија

19/04/2026  18:31

Делови од Словенија веќе беа погодени од бура проследена со налети на ветер и голем град. Пријави за силни ветрови доаѓаат од Словењ Градец, Жалец и Преваље, додека поплави поради дождовница се регистрирани во Велење. Времето би требало да се смири во понеделник навечер, но локалните врнежи повторно ќе станат почести во текот на понеделник, пишува 24ur.com .

Појас од локални врнежи, со повремени бури, се движи од северозапад низ Словенија. Особено на североистокот од земјата, можни се посилни бури со врнежи од дожд, голем или ситен град и силни налети на ветер.

Од областа Велење веќе пристигнуваат извештаи за силен град. Словенечката управа за заштита и спасување (УРСЗР) објави невреме во областите Словењ Градец, Жалец и Преваље.