Skip to main content
Македонија

Нова планинарска патека на Пелистер

19/04/2026  17:33

Националниот парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов целосно ја уреди планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари. 

Станува збор за атрактивна маршрута која започнува од Цапарска пресека и продолжува преку Горна скала и Лоша стена, сè до селото Цапари, нудејќи уникатно искуство низ еден од најживописните делови на паркот. Особено внимание привлекува видиковецот Лоша стена, кој се наоѓа на надморска височина од околу 1.220 метри, југоисточно од селото Цапари, и важи за еден од најлесно достапните природни панорамски пунктови на Пелистер.

Од ЈУНО „Пелистер“ посочија дека овој викенд работаат и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16 km, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска Пресека, Цапарски Вир, Ротинско Езеро, Голема и Мала Ливада и назад до Инфоцентар.

Овие активности се реализираат со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Prespa Ohrid Nature Trust