Skip to main content
Економија

Пожар во Старо Нагоричане

19/04/2026  15:00

Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вчера кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи.

Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за планинско село. Успеавме да го изгасиме по неколкучасовна интервенција – изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Според информацијата вчера попладне во село Арбанашко горела сува трева, смрека, мешовита шума. Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и седум пожарникари, а помагале и припадници на МВР, од Полициската станица Старо Нагоричане. Пожарот се гасел до вечерните часови.