
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти денеска дека две лица се убиени, а пет се повредени откако маж отвори оган во округ во украинската престолнина.
„Меѓу ранетите во округот Холосивски има едно дете. Лекарите го пренесоа во болница. Возрасните лица кои се ранети се прегледани и им беше укажана помош на лице место“, објави Кличко на Телеграм.
Според него, се спроведува специјална операција за апсење на сторителот.


