Skip to main content
Хроника

Тетовец со уцени и закани барал 20.000 евра од жена

18/04/2026  14:22

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К.(54) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”. На 05.08.2025, пријавениот од негов странски телефонски број констактирал женско лице од Тетово и од неа барал 20.000 евра затоа што издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.

Според пријавеното, тој испраќал пораки со закани и уцени на жената и нејзината мајка дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му  обезбедат парите.