Skip to main content
Скопје

Шест месеци ќе биде затворен патот меѓу Долно Лисиче и Драчево поради реконструкција на мост од неколку метри

18/04/2026  12:06

Општина Кисела Вода ќе ја реконструира улицата Киро Фетак кај мостот над каналот.

„Ве информираме дека од 15.04.2026 година започнуваме со реконструкција на дел од улицата „Киро Фетак“, во делот кај мостот.

Поради градежните активности, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај во период од 6 месеци, односно до 15.10.2026 година. Во овој период, сообраќајот во двата правци нема да биде дозволен. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни рути. Доколку градежните работи завршат пред предвидениот рок, навремено ќе ве известиме“ објави градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска.

Оваа објава наиде на револтирани коментари од граѓаните, бидејќи се работи за фреквентна сообраќајница која ги поврзува населбите Долно Лисиче и Драчево.

Граѓани коментираат дека шест месеци ќе возат десетици километри повеќе за да дојдат и заминат од дома, а мостот е со должина од само неколку метри, па оттаму не разбираат зошто толку долго ќе се реконструира.