Skip to main content
Свет

Маѓар: Владата на Орбан уништува документи пред заминувањето од власт

17/04/2026  18:08

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, упати сериозни обвинувања кон администрацијата во заминување на поранешниот премиер Виктор Орбан. Маѓар тврди дека во министерствата, владините агенции и поврзаните компании интензивно се уништуваат службени документи.

Како одговор на овие тврдења, Маѓар најави воспоставување на посебна онлајн платформа преку која граѓаните и вработените во администрацијата можат анонимно да пријавуваат случаи на уништување докази.