Search

Отстранети 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена извршија расчистување на приближно 25 кубни метри отпад одложен во објектот Капан Ан, лоциран во Старата скопска чаршија.
„Вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје излегоа на терен по дојава на граѓани коишто се пожалија дека огромно количество отпад го попречува движењето на минувачите во Капан ан и нормалното функцонирање на околните угостителски и продажни објекти. Отпадот составен претежно од облека бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на настраданите при земјотресот во Турција, но за жал по завршувањето на акцијата останал одложен во објектот со денови. Во текот на вчерашниот ден отпадот беше во целост отстранет и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието.“-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Треба да знаете
Последни објави