Skip to main content
Скопје

Жичницата на Водно денеска нема да работи од безбедносни причини

17/04/2026  16:18

ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес, жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер.

Од таму посочуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП Скопје и воедно се заблагодарија за разбирањето.