Skip to main content
Хроника

Прилепчанец заработи кривична, во домот му пронашле 74 стари монети

17/04/2026  14:54

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.В.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост”.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 74 стари монети, од кои дел се од 19-ти и почетокот на 20-ти век.