Skip to main content
Хроника

Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

17/04/2026  09:31

На 16.04.2026 во 16:15 часот во с.Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода бил Г.С.(66) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом и помошни простории во с.Горно Душогубица, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се и одземени ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62мм, 10 куршуми за карабин 9мм и други предмети.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.