Skip to main content
Македонија

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром

17/04/2026  08:25

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.

Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.

Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе се слушаат и звуци на користење на огнено оружје.