Skip to main content
Свет

Трамп изјави дека Израел и Либан се договориле за 10-дневен прекин на огнот

16/04/2026  18:45

Прекинот на огнот ќе стапи во сила од 22:00 часот по британско време.

Либан и Израел се договориле за 10-дневен прекин на огнот. Ова го напиша Доналд Трамп на Truth Social, пренесува Скај Њус.

„Тукушто имав одлични разговори со високо почитуваниот претседател Жозеф Аун од Либан и премиерот Бенјамин Нетанјаху од Израел. Двајцата лидери се согласија дека, со цел да се постигне мир меѓу нивните земји, официјално ќе започнат 10-дневно примирје“, напиша американскиот претседател.

Прекинот на огнот ќе стапи во сила од 22:00 часот по британско време.

Трамп додаде дека му наредил на потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, заедно со претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабовите Дан Разин Кејн, „да работат со Израел и Либан за постигнување траен мир“.

„За мене беше чест да разрешам девет војни низ светот и ова ќе биде мојата десетта, па да го направиме тоа“, ја завршува Трамп својата објава.